Search
Close this search box.

Со пролетната дератизација во Кисела Вода досега се опфатени 688 шахти

Пролетната дератизација која Општина Кисела Вода ја започна пред две седмици продолжува да се одвива на цела територија на општината. Со истата досега беа опфатени 688 шахти во населбата Драчево, село Драчево и Пинтија.

Уништувањето на глодарите оваа работна недела ќе продолжи во урбаната заедница Пржино, по што ќе следат и останатите месни и урбани заедници во Кисела Вода.

Дератизацијата ја спроведува фирмата Токси Вет преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина, со поддршка од ЈП Водовод и канализација.

Споделете:

Scroll to Top