Search
Close this search box.

Мамци против штетни глодари поставени во 3863 шахти низ цела Општина Кисела Вода

Финализираше редовната пролетна дератизација која во изминативе 20тина дена се одвиваше на територија на Општина Кисела Вода.

Постапката за уништување на глодарите опфати 3863 шахти и во урбаниот и во руралниот дел на општината. Дератизацијата ја  спроведе фирмата Токси Вет, во соработка со ЈП Водовод и канализација,  преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина. Согласно програмата на овој Сектор од Општина Кисела Вода, локалната самоуправа организира вакви акции за уништување на штетните глодачи два пати годишно, на пролет и на есен.

Споделете:

Scroll to Top