Ве известуваме дека деветата пленарна седница на Советот Општина Кисела Вода ќе се одржи на 25 април 2018 година (среда) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од Седмата пленарна седница;
-Усвојување на Записникот од Осмата пленарна седница
1.Годишен Извештај (информација) за состојбата со криминалитетот и другите недозволени однесувања на подрачјето на Полициска станица од општа надлежност ,,Драчево,, во 2017 година;
2.Давање согласност на измените и дополнувањата на Правилникот за систематизација на работните места во Јавната детска градинка ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
3. Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2019 година од Јавна детска градинка ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
4. Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2019 година од Јавна детска градинка ,,Весели Цветови,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
5.Предлог-Одлука за одобрување на склучување Спогодба за регулирање на меѓусебните односи помеѓу Општина Кисела Вода и ООУ ,,Кузман Шапкарев,, н.Драчево-Општина Кисела Вода, Скопје;
6.Предлог-Одлука за именување член на Управниот одбор – претставник од Градот Скопје во ЈДГ “Весели Цветови” на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
7.Предлог-Одлука за именување член на Управниот одбор – претставник од Градот Скопје во ЈДГ “8ми Март” на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
8.Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата од надлежност (В) и Програма (В1) – предучилишно воспитување за 2018 година;
9.Предлог -Одлука за збратимување на Општина Кисела Вода – Скопје – Република Македонија и Општина Изгрев – Софија – Република Бугарија;
10.Предлог-Правилник за условите, начинот и постапката за доделување на материјална поддршка на училишните спортски клубови и Сојузот за училишен спорт на општина Кисела Вода кои извршуваат јавен интерес во спортот во Општина Кисела Вода;
11.Советнички прашања;
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.