Search
Close this search box.

ЈДГ „Весели Цветови“ беше домаќин на 30 стручни соработници од Република Србија

Јавната детска градинка „Весели Цветови“ од Општина Кисела Вода беше домаќин на 30 стручни соработници од предучилишните установи од Република Србија.

Гостите кои ја посетија градинката беа од различни профили, како: педагог, психолог, социјален работник, логопед, дефектолог, стручен соработник за физичко воспитување, стручен соработник за екологија и ликовен соработник.

Имено, оваа работна средба се одржа со цел за отпочнување на соработка, за размена на искуства во доменот на предучилишното воспитување и образование.  

На оваа средба која се одржа во објектот „Сончоглед“ гостите имаа можност да се запознаат со работата и улогата на стручните работници и соработници во градинката. Покрај ова, вработените во ЈДГ „Весели Цветови“ на гостите им ги презентираа условите во кои ги извршуваат секојдневните обврски спрема дечињата. Воедно, им ги покажаа и работните простории/занималните во кои дечињата престојуваат.

На крајот, гостите од Србија заедно со своите колеги домаќини на оваа средба проследија и кратка приредба подготвена од дечињата од истата градинка.  

Споделете:

Scroll to Top