Search
Close this search box.

Започнува упис на првачиња во основните училишта во Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода известува дека од денес, согласно член 45, 46 и член 50 од Законот за основно образование (Сл.весник на РМ бр. 67/2017 година ), ќе се врши запишување на децата во прво одделение во основните општински училишта кои гравитираат на територија на општината.

Уписот на првачиња во прво одделение е за учебната 2018/2019 година, за деца родени во 2012 година. Децата кои до 31.01.2019 година ќе наполнат 6 години може да се запишат во прво одделение со претходно барање од родителот/ старателот и мислење од училишниот педагог.

Уписот трае од 02.05.2018 година до 31.05.2018 година. За целокупната потребна документација за упис на првачињата, потребно е родителите да се обратат во основните училишта.

Споделете:

Scroll to Top