Search
Close this search box.

ООУ ,,Круме Кепески” е новиот шампион во футсал во Oпштина Кисела Вода

ООУ ,,Круме Кепески” е новиот шампион во футсал во Oпштина Кисела Вода. Со победата над ООУ “Партенија Зографски” со резултат 0:2, вчера, завршија фајнл фор натпреварите во футсал на училишните спортски игри во организација на Општинскиот сојуз за училишен спорт на Општина Кисела Вода.

Покрај финалната средба, во салата Архиепископ Доситеј, во плеј офот се одиграа и следните натпревари:

ООУ,,Невена Георгиева – Дуња” – ООУ,,Круме Кепески” каде што поуспешна беше екипата на ООУ,,Круме Кепески” со резултат 0:1

Во второто полуфинале играа ООУ,,Кирил Пејчиновиќ”- ООУ,,Партенија Зографски” каде поуспешни беа фудбалерите на ООУ,,Партенија Зографски” со резултат 0:1.

Во малото финале за 3-то место се најдоа екипите на ООУ,,Н.Г. Дуња” и ООУ,,Кирил Пејчиновиќ” каде што поуспешна беше ООУ,,Н.Г.Дуња” со резултат oд 3:2.

Потоа, беа доделени пехарите и медалите на најдобрите 4 екипи од основните училишта на територија на Општината.

1. место ООУ ,,Круме Кепески”

2.место ООУ “Партенија Зографски”

3. место ООУ,,Невена Георгиева-Дуња”

4. место ООУ,,Кирил Пејчиновиќ”.

За МВП на натпреварите беше прогласен Андреј Стојковиќ од ООУ,,Круме Кепески.

Денес и утре, во салата Независна Македонија, ќе играат надобрите машки кошаркарски екипи од од основните училишта во Општина Кисела Вода. Победниците од денешните натпревари ќе играат утре во финалето во 13:30, а поразените мечот за трето место ќе го играат во 12:30. Со утрешните натпревари ќе  се финализира и годинешните училишните спортски игри во организација на неодамна возобновениот Општински сојуз за училишен спорт на Општина Кисела Вода.

Споделете:

Scroll to Top