Search
Close this search box.

40 хумани граѓани од Кисела Вода даруваа крв

Уште една крводарителска акција се одржа денес во Општина Кисела Вода. 40 хумани граѓани, во Големата сала на Општината даруваа крв и помогнаа да се спаси нечиј живот.

Меѓу нив имаше и вработени во општинската администрација, како и претставници од сите месни и урбани заедници од Oпштината. Најмладиот дарител имаше 20 години, а највозрасниот 63. Меѓу дарителите имаше и такви  кои имаат ретка крвна група и нови, кои за прв пат даруваат крв.

Оваа акција која е во организација на Oпштина Кисела Вода и Општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода, во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје, се одвива неколку пати годишно.

Споделете:

Scroll to Top