Ве известуваме дека Единаесеттата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 26 јуни 2018 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:
Усвојување на Записникот од 10-та пленарна седница
1.Предлог-Одлука за избор на командир на Полициска станица од општа надлежност – Кисела Вода;
2.Предлог-Одлука за избор на командир на Полициска станица од општа надлежност – Драчево;
3.Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата Г10 – локален економски развој со Потпрограма ГД0 – проекти за енергетска ефикасност за 2018 година;
4.Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2018 година;
5.Советнички прашања.
Седницата ќе се одржи во Голема сала за седници – барака 7 – Општина Кисела Вода