Во големата сала на Општина Кисела Вода вчера беше одржана втората седница на Советот на стопанственици на Општина Кисела Вода.
Со истата раководеше Претседателот на Советот на стопанственици од Општина Кисела Вода, Борис Хрисафов, генерален директор на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, а покрај градоначалникот Филип Темелковски, присутни беа и претставници од Фондот за иновации и технолошки развој, како и претставници од Кабинетот на Претседателот на Владата, одговорни за економија и инвестиции.
Во рамки на оваа средба на претставниците на бизнис заедницата од овој дел на градот, најпрво беа усвоени Деловникот и Статутот за работа на Советот на стопанственици, а потоа збор зедоа претставниците од централната власт. Тие пред присутните ги презентираа мерките и поволностите кои нивните институции им ги нудат на компаниите, со цел подобрување на бизнис климата и овозможување на економски раст на Општина Кисела Вода.