Со одлична изведба на преработка на “Бакни ме” од Сашка Петковска, започна синоќешниот концерт на Искра Трпева во рамки на “Три круши 2018”.
Како што таа кажа на почетокот, истиот го посвети на прерано починатиот колега Влатко Илиевски. Околу два часа посетителите уживаа во нејзините хитови “Штом падне мрак”, “Допри ме”, “Срце”, “Љубовта е таа”…
Заедно со публиката таа испеа и повеќе преработки на светски популарни хитови од Barbra Streisand, Gloria Estefan, LeAnn Rimes…
Културното лето на Општина Кисела Вода, “Три круши 2018”, продолжува. Вечерва, во рамки на истото, концерт ќе одржи Сузана Спасовска.
Нејзин музички гостин на сцената ќе биде Мишко Талески. И ова музичко случување од “Три круши 2018”, започнува во 20 часот, на локалитетот Три круши во селото Драчево.