Search
Close this search box.

Информација во врска со Центарот за превенција и третман на зависности од дроги

Почитувани жители,

До сега, тековно Ве известувавме за иницијативата на Градоначалникот на Општина Кисела Вода, од која произлезе конструктивна соработка и партнерство со сите институции кои имаат ингеренции и надлежности за надминување на проблемот кој со години го имаат жителите на Кисела Вода, поврзан со Центарот за превенција и третман на зависности од дроги.

 

На обострано задоволство, со Министерството за здравство, како институција директно со најголеми ингеренции и надлежности за надминување на проблемот, имаме и најконструктивна соработка и партнерство.

Како резултат на истата, постапувајќи по договореното од првата одржана средба по повод решавање на проблемите поврзани со Центарот за превенција и третман на зависност од дроги Кисела Вода, во заедничка организација, во просториите на Министерството за здравство, е закажана втора средба, на ден 27.07.2018 година, петок, во 08:30 часот, на која ќе бидат поканети и присутни учесници во проширен состав од првата средба, и тоа претставници од:

–          ЈЗУ Психијатриска Болница Скопје;

–          Центар за превенција и третман на зависност од дроги Кисела Вода;

–          ЈЗУ Здравствен дом Скопје;

–          Универзитетска клиника за психијатрија Скопје;

–          Министерство за труд и социјална политика;

–          Министерство за правда- Управа за извршување на санкции;

–          Академија за судии и јавни обвинители;

–          Заедницата на единиците на локалната самоуправа на република Македонија-ЗЕЛС;

–          Град Скопје – Одделение за социјална, детска и здравствена заштита;

–          МВР на РМ – СВР Скопје;

–          МВР на РМ – ПС Кисела Вода;

–          МВР на РМ – Одделение за недозволена трговија;

–          Здружение на граѓани ХОПС;

–          Здружение на граѓани ДОВЕРБА;

–          Фондација РЕТО НАДЕЖ;

–          Здружение на граѓани АРМАИТА;

–          Тераписка заедница ПОКРОВ;

–          Рубенс Муратовски и Методија Тотиќ – претставници на жители;

На средбата, почетно, Министерство за здравство ќе го објави нивниот заклучок за тоа кои конкретни мерки ќе се реализираат и во кој конкретен временски рок, а во продолжеток ќе се води дискусија по однос на суштината и конкретноста на мерките, како и за определениот рок за нивното спроведување.

Веднаш по одржување на средбата, ќе Ве известиме за исходот.

 

Со почит, Вашата Општина Кисела Вода.

 

 

Споделете:

Scroll to Top