Search
Close this search box.

Се пушти во употреба водоводот во Пинтија

Големите празници се одбележуваат со големи настани.  22-годишнината од независноста на Република Македонија, жителите на Пинтија ќе ја паметат по реализацијата на капиталниот проект за нова водоводна мрежа за оваа населба во должина од околу 10 километри.

Со денешното официјализирање и свечено пуштање во употреба на капиталниот проект за нова водоводна мрежа, кое се совпадна со големиот државен празник “8-ми Септември” и Општина Кисела Вода даде скромен удел во чествувањето на Денот на независноста на Македонија. 

На свеченоста се обрати градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ која изјави дека епитетот најстара општина во Градот Скопје, не секогаш претставува аргумент за пофалба.

“-Ова значи дека Општина Кисела Вода е и со најстара и дотраена комунална инфраструктура, а истовремено располага со скромен буџет. Ова се факти пред кои за жал не смееме да замижиме. И можеби реализацијата на ваков проект, за нова водоводна мрежа за некои од поразвиените општини претставува секојдневие и минимален и очекуван финансиски товар, но за општината Кисела Вода е проект кој подразбира побарување на финасиски средства од други домашни или меѓународни институции” – потенцираше Беличанец – Алексиќ.

Станува збор за капитален проект, кој се реализираше во три фази во период од 5 години, а истиот беше финансиран со средства од Владата на Република Македонија и кредит од Светската банка.

Првата фаза од проектот се започна во 2008 – 2009 година, кога се изгради резервоарот со капацитет од 900 кубни метри, како и потисно – повратниот цевковод кој започнува од пумпната станица и ја транспортира водата низ мрежата и резервоарот. Оваа фаза е целосно финансирана со средства од Владата на Република Македонија, во висина од 15 милиони денари.

Втората фаза, се реализираше во мандатот на претходниот градоначалник, г-нот Марјан Ѓорчев, кога се одвиваа активности за изградба на пумпна станица, во која се сместени пумпи со капацитет од 37 литри во секунда, кои ќе ја обезбедат нормата за водоснабдување од 500 литри на ден по жител, како и уличната дистрибутивна мрежа. По целата должина на мрежата се поставени цевки со различни дијаметри, а целата водоснабдителна мрежа се протега во вкупна должина од околу 10 километри. Инаку, Општина Кисела Вода за реализација на втората и третата фаза на овој капитален проект кредитно се задолжи во Светската банка во висина од околу 38 милиони денари (625.000 евра), преку Проектот за подобрување на општинските услуги во Република Македонија.

Градоначалникот Беличанец – Алексиќ се заблагодари на Владата на Република Македонија и Министерството за финансии за одобрувањето на финансиските средства за реализација на првата фаза, а искажа и голема благодарност  до претставниците на Светската банка во Република Македонија, претходниот градоначалник Марјан Ѓорчев, Градот Скопје и градоначалникот Коце Трајановски за личната заложба, како и на јавното претпријатие “Водовод и канализација” и фирмата изведувач ,,Делта пром” за целокупниот ангажман и добрата соработка во текот на имплементирањето на втората и третата фаза од проектот.

На крајот, Беличанец- Алексиќ се заблагодари на жителите на населбата Пинтија за трпението, разбирањето и конструктивноста во текот на изведувањето на градежните активности и им порача дека општината нема да застане тука.

-“Ние и понатаму ќе се залагаме за реализација на проекти кои ќе ги подобрат условите за живот на граѓаните на општина Кисела Вода. Во таа насока, сакам да го најавам и проектот за реконструкција и рехабилитација на локалниот пат 1440, кој води до манастирот “Св. Еремија”, а ќе се реализира со средства од Европската банка за обнова и развој, преку Агенцијата за државни патишта. – заврши Беличанец – Алексиќ, честитајќи го државниот празник на граѓаните.

На свеченоста се обрати и заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии, Зоран Ставрески кој порача дека Владата на Република Македонија со крајна посветеност и многу работа ќе продолжи да работи на подобрување на условите за живот на сите граѓани на Република Македонија.

“- Кога пред четири-пет години тука дојдовме првото барање на жителите од Пинтија беше изградбата на водоводот. Со тогашниот градоначалник и со премиерот одвоивме веднаш време и средства за почеток на реализација на тој проект, бидејќи тоа е она што вие го побаравте од нас” – рече министерот Ставрески.

Тој напомена дека ова не е единствен проект кој се реализираше во општината Кисела Вода, со помош од Владата на Република Македонија, Светската банка и Градот Скопје.

-“Претходно посведочивме на реализацијата на атмосферската канализациона мрежа за населбата 11-ти Октомври – бараки, атмосфреската канализација за улиците “Мариовска” и “Народни херои”, како и препумпната станица во Драчево, а Градот Скопје изведе ново и модерно сообраќајно булеварско решение за улицата “Борис Трајковски” – потенцираше Ставрески, порачувајќи им на присутните дека Владата и понатаму со ист интензитет ќе инвестира во општината.

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top
meritking
betpark
betgaranti
kolaybet
betnano
betnano
betpark
betnano
betnano
betgaranti
betpark
kolaybet
betpark
betpark
betnano
betpark
betgaranti
kolaybet
betpark
betpark
betpark
betgaranti
kavbet
kolaybet
betnano
vaycasino
vaycasino
betorder
vaycasino
vaycasino
hititbet
hititbet
bettilt
vaycasino
vaycasino
vaycasino
vaycasino
bahiscasino
betpark
norabahis
norabahis
norabahis
meritking
meritking
meritking
betpark
casinoroyal
vaycasino
vaycasino
betpark
betpark
betpark
betpark
betgaranti
betgaranti
kolaybet
kolaybet
kolaybet
vaycasino
vaycasino
vaycasino
vaycasino
norabahis
norabahis
grandbetting
grandbetting
meritking
virüsbet
betbox
betbox
roketbet
roketbet
norabahis
norabahis
norabahis
norabahis
norabahis
norabahis
casinoroyal
bahisfair
casinoroyal
bahisfair
betlike
betlike
betorder
betorder
betbox
betorder
betorder
betpipo
betpipo
betbox
padişahbet
padişahbet
maritbet
maritbet
supertotobet
supertotobet
maritbet
maritbet
limanbet
betlike
betlike
vaycasino
vaycasino
vaycasino
vaycasino
supertotobet
supertotobet
supertotobet
supertotobet
norabahis
norabahis
norabahis
roketbet
roketbet
meritking
meritking
meritking
norabahis
hititbet
hititbet
hititbet
hititbet
betbox
betbox
vipslot
vipslot
casinoroyal
casinoroyal
harbiwin
harbiwin
supertotobet
supertotobet
vaycasino
vaycasino
betplay
betplay
roketbet
roketbet
meritking
meritking
meritking
meritking
timebet
timebet
roketbet
roketbet
bettilt
bettilt
bettilt
bettilt
pokerklas
pokerklas
pokerklas
pokerklas
maritbet
maritbet
pokerklas
pokerklas
betpark
betpark