Климата е важен услов за развој на многу стопански дејности, влијае на природните фактори како на количеството на врнежи, водостојот на реките, загревањето на воздухот, влажноста, загревањето на почвата, растителниот и животинскиот свет.
Последниве неколку години актуелни се климатските промени и општото глобално загревање на целата земјина планета. Климатските промени се состојат во зголемување на температурата на воздухот, а тоа придонесува на Антарткикот топење на глечериите и зголемување на нивото на светското море. Се зголемува температурата на воздухот, испарувањето, додека количеството од врнежи се намалува во одредени делови на земјината површина.
Климатските промени се чувствуваат и на територијата на нашата држава бидејки во летните месеци се соочуваме со високи темперетури, а мало количество на врнежи, додека врнежите во вид на снег од година во година се се помали.
Климата има огромно влијание и врз распространетоста на растителниот и животинскиот свет. Одредени видови на животни се исчезнати или се на работ на исчезнување како рисот, белоглавиот орел и многу други.
Поради малото количество на врнежи и високите температури голем дел од растителните заедници не виреат на одредени подрачја, на нивно место се појавуваат други видови на растенија, почвата е се посува-испукана и без нејзино наводнување не успеваат голем број на земјоделки култури.
Во стопанството, климата има особено влијание врз земјоделството, шумарството, сообрајкајот, туризмот и останатите општествени дејности.
Влијанието на покачената температура врз приносите на земјоделските култури сама по себе зборува дека се наметнува потребата од недостиг на вода и наводнување на површините, особено во вегетацискиот период, засадување на соодветни земјоделски култури, соодветни шумски насади кои успешно ке виреат во затекнатите климатски услови.
Климатските промени влијаат и врз продуктивноста во секојдневната активност, работоспособноста кај активното население се намалува од влијанието на високите температури и се помалку продуктивни во сите сфери на нивната активност, како во примарните дејности така и во општествените дејности.