Search
Close this search box.

Во Кисела Вода се одбележаа 110 години од раѓањето на македонскиот партизан Цветан Димов

По повод одбележувањето на 110 години од раѓањето на еден од најистакнатите организатори на работничкото и комунистичкото движење во Скопје, Цветан Димов, денес градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот на Општината Дарио Шимиќ положија свежо цвеќе пред неговата биста која се наоѓа во Кисела Вода.

Пред големиот број присутни граѓани и пензионери краток историјат за ликот и делот на големиот херој прочита Марица Мицевска, заменик – претседател на едно од најстарите здруженија на пензионери „Цветан Димов“.

Цветан Димов (5 март 1909 – 9 јули 1942) бил истакнат македонски синдикалец, партизан, комунист и учесник во НОБ. По ослободувањето, во 1945 година, е прогласен за народен херој на Југославија од Македонија. Во Кисела Вода една урбана заедница го носи името на овој голем македонски херој.

Споделете:

Scroll to Top