По повод одбележувањето на Националниот ден на унгарскиот народ секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски и неговата екселенција Ласло Дукс, Амбасадор на Република Унгарија во Република Северна Македонија положија цвеќе пред спомен плочата на големиот унгарски поет и еден од водачите на Унгарската револуција од 1848 година, Шандор Петефи.
Општина Кисела Вода во соработка со Амбасадата на Унгарија и Здружението на унгарците „Теледом“, неодамна распиша конкурс за истражувачка дејност на следните две теми: „Животот и делото на Лајош Кошут“ и „Историјат и значење на унгарската света круна“.
На конкурсот право на учество имаа сите ученици од општинските основни училишта до 10 – годишна возраст. За учество на истиот учениците претходно подготвија трудови во пишана форма (есеи, раскази и поезија), како и видео презентации. Изборот на најдобри литературни творби и видео презентации го направи комисија од Општината.
Секретарот Александар Алексовски, амбасадорот Ласло Дукс и претседателот на Здружението на унгарците во Република Северна Македонија Јожеф Шутуш на учениците кои подготвија најдобри литературни дела им доделија дипломи, додека на нивните ментори и останатите учесници им доделија благодарници.
На настанот присуствуваа Горан Петковски, шеф на кабинет на градоначалникот Филип Темелковски, Зоран Ацевски и Дарко Филиповски, членови на Советот на Општина Кисела Вода.
Дипломи и благодарници добија:
I место – ученик Марија Поповиќ VIII 1 одделение, ООУ „Круме Кепески“ за темата „Животот и делото на Лајош Кошут“, ментор Валентина Т. Стаматовска,
I место – ученик Вероника Коруноска – VI в одделение, ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ за темата „Историјат и значење на унгарската света круна“, ментор Билјана Велковска Зиковска,
II место- ученик Јана Стефанова IX 1 одделение, ООУ „Круме Кепески“, за темата „Животот и делото на Лајош Кошут“, ментор м-р Татјана Пеливанова.
II место – ученик Нина Панчева – VI в одделение,ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ за темата „Животот и делото на Лајош Кошут“, ментор Билјана Велковска Зиковска,
III место – ученик Цветанка Коруноска – VI в одделение ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ за темата „Животот и делото на Лајош Кошут“,ментор Билјана Велковска Зиковска,
III место -ученик Јана Јовиќ- VIII 1 одделение, ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ за темата „Историјат и значење на унгарската света круна“, ментор Елизабета Камческа,
Благодарници за учество им беа доделни на:
ученик Софија Мирческа – VI в одделение, ментор: Билјана Велковска Зиковска од ООУ „Невена Георгиева Дуња“,
учениците Ангелина Делова и Леонтина Костовска VII г одделение од ООУ „Рајко Жинзифов“,
учениците Луна Трајковска и Лора Јанкович – IX a одделение и Владимир Чуновиќ – IX в одделение од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“,
Од ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“:
ученик Мила Трендовска- VII 3 одделение,
ученик Кирил Симоновски- IX 2 одделение, ментор Татјана Нанкова,
ученик Јована Симоновска -VII 3 одделение,ментор Татјана Нанкова,
ученик Тимон Поповски ,ментор Елизабета Камческа,
ученик Матеа Трајковска – VIII одделение, ментор Елизабета Камческа.