Search
Close this search box.

Во урбаните заедници 11 Октомври – бараки и згради се собира кабаст отпад

Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ во урбаните заедници  11 Октомври – бараки и згради продолжуваат со активностите за собирање на кабаст отпад и електронска опрема.

Покрај ова, во истите урбани заедници се расчитуваат отпадоците на јавните површини, се кастрат сувите гранки на дрвјата и грмушките, а се средуваат парковите и омилените игралишта на најмладите. Оваа акција ќе се одвива и утре во урбаните заедници 11 Октомври – бараки и згради.

Локалната самоуправа ги информира граѓаните дека кабастиот отпад треба да го одложуваат до 11:00 часот пред своите домови, на тротоарите, но пред се потребно е да внимаваат истиот да не го попречува движењето на пешаците и возилата. После опредeленото време забрането е одлагање на отпадот.

Споделете:

Scroll to Top