Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи Дваесет и четвртата пленарна седница на 12 април 2019 година (петок) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 23-тата пленарна седница
1.Нацрт на Статутарна Одлука за измена и дополнување на Статутот на Општина Кисела Вода;
2.Предлог-Одлука за прогласување ерозивни подрачја и подрачја загрозени од ерозија во Општина Кисела Вода;
3.Предлог-Одлука за одобрување на Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски до 30.09.2018 година;
4.Предлог-Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2019 година;
5.Советнички прашања;
Седницата ќе се одржи во големата сала за седници во барака бр. 7, Општина Кисела Вода.