Search
Close this search box.

Нека е честит 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот

Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита 1 Мај ,Меѓународниот ден на трудот.

Одбележувањето на денешниот празник за работниците во целиот свет е од големо значење бидејќи овој ден е потсетник за страдањето и борбата на работничката класа за унапредување на своите права. 

Првиот протест за осумчасовно работно време одржан е во Австралија во 1856 година. Во 1886 на 1 мај со прекин на работниот процес протест одржаа и американските работници. На овие демонстрации кои полицијата се обидела да ги спречи во Чикаго имаше жртви и голем број повредени демонстранти. Како сеќавање на истите, од 1890 година 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот ширум светот се одбележува со одржување на штрајкови со барања за поголеми работнички права.

Општина Кисела Вода предводена од градоначалникот Филип Темелковски како и досега така и во иднина ќе продолжи да ги почитува и унапредува правата на своите вработени без разлика на полот, етничката и верската припадност.

Споделете:

Scroll to Top