Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ја одржа Дваесет и петтата пленарна седница

На Дваесет и петтата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода која се одржа денес, на 28 мај 2019 година беа усвоени следните точки:

-Усвојување на Записникот од 24-та пленарна седница

-Усвојување на Записникот од Првата вонредна сендица

1.Квартални извештаи К1,К2 и К3 за  првиот квартал од 2019 година – К1-кваратлен извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за  извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2019 година до 31.03.2019 година; -К2-квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;

2.Предлог-Програма за измена на Програмата (Р) заштита на животната средина и природа на Општина Кисела Вода за 2019 година;

3.Предлог-Правилник за условите, критериумите, видот и начинот на субвенционирање и поддршка во проектот ,,енергетски ефикасни домови,, на станбени згради за колективното домување на Општина Кисела Вода;

4.Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за основање на Јавна општинска установа,,Дом на култура КВК.,, Скопје (,,Службен гласник на Општина Кисела Вода,, бр.5/2016);

5. Нацрт на Статутарна Одлука за измена и дополнување на Статутот на Општина Кисела Вода;

6.Предлог-Одлука за измена и дополнување на Статутот на Општина Кисела Вода;

7.Предлог-Одлука за измена и дополнување на Статутот на Општина Кисела Вода;

8.Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Драгомир Мишев;

9. Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Марјан Милчев;

10. Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Предраг Цветковски;

 

 

Споделете:

Scroll to Top