Продолжува Јавниот оглас за Програмата Општинско – корисна работа со проектот под наслов „ УЧИМЕ, СЕ ВОСПИТУВАМЕ, ДРУГАРУВАМЕ“.
Проектот се реализира врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Кисела Вода.
Проектот “УЧИМЕ, СЕ ВОСПИТУВАМЕ, ДРУГАРУВАМЕ” ќе овозможи работно ангажирање со скратено работно време на евидентирани невработени лица за период од девет месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд. Се работи за ангажман од дваесет работни часови неделно, при што за време на истиот, статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите кои ќе бидат избрани општинско-корисната работа, се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
– долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
– млади лица до 29 години
– лица постари од 50 години
– самохрани родители
– родители на деца со пречки во развојот
– родители на 3 и повеќе деца
Заинтресираните невработени лица, Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Општина Кисела Вода во периодот од 21.08.2019 година до 23.08.2019 година од 08:30 до 16:30 часот секој работен ден.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Кисела Вода кај лицето Елизабета Јаневска на тел. 02/ 2785-418, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување на Град Скопје кај лицето Никола Ѓуровски, Центар за социјална работа П.Е Кисела Вода кај лицето Надица Недиќ.
Огласот е достапен на веб страницата на Општина Кисела Вода на следниот линк: