Search
Close this search box.

Градоначалникот Беличанец – Алексиќ ќе посети 2 месни заедници

Работните посети  и остварувањето на средби со граѓаните во месните и урбани заедници продолжуваат и оваа работна седмица. Вечерва (07.10.2013), со почеток во 18:30 часот, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ со својот тим и раководителите на подрачните единици на градските јавни претпријатија ќе ја посети урбаната заедница Црниче, а во 20:00 часот, во просториите на урбаната заедница, ќе одржи средба со жителите на населбата Пржино.

 

Целта на посетите е граѓаните на овие населени места изворно да се запознаат со тековните проекти на општината и проектите кои се во план да се реализираат во следниот период. Истовремено, граѓаните ќе имаат можност да дадат свои идеи, предлози и сугестии за подобрување на работата на локалната самоуправа.  

Споделете:

Scroll to Top