Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода врши енергетска обнова на градинката „Мимоза“

Општина Кисела Вода врши целосна енергетска обнова на објектот на ЈДГ „Весели цветови“, „Мимоза“.

Објектот „Мимоза“ ќе добие нова фасада со термичка изолација, нови прозорци, надворешни врати и олуци. Додека во внатрешниот дел на градинката ќе се постави плафонска изолација. Со оваа обнова децата и вработените кои поголемиот дел од денот го поминуваат во објектот ќе добијат позатоплени простории, а градинката ќе заштеди и финансиски средства кои во иднина ќе ги пренамени во приоритетни цели.

 

Општината условите во градинката ги подобрува преку Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка. Инвестицијата е во вредност од 4.354.896,00 денари со вклучен ддв. Работните активности ќе се одвиваат до 28.02.2020 година. 

Локалната самоуправа апелира до граѓаните додека траат градежните работи да внимаваат при движењето околу градинката. 

Споделете:

Scroll to Top