Денеска во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија, во интерес на жителите на Општина Кисела Вода, градоначалникот Филип Темелковски потпиша Меморандум за соработката со Министертвото за транспорт и врски.
Во периодот што следува на улицата „Живко Фирфов“, во населбата Драчево во должина од 880 метри ќе биде извршена целосна санација. На истата од двете страни ќе се обноват тротоарите, а ќе биде поставено и ново улично осветлување/лед светлосни арматури.
Имплементацијата на активностите кои произлегуваат од Проектот за поврзување на локални патишта од страна на инвеститорот, Министерството за транспорт и врски ќе ги спроведува единицата за имплементација на проекти од Светска банка.