Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи 36 пленарна седница

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржиТриесет и шестата пленарна седница на12 март 2020 година (четврток) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:                   

-Усвојување на Записникот од 35-та пленарна седница

1.Годишен Извештај (информација) за состојбата со криминалитетот и другите недозволени однесувања на подрачјето на Полициска станица од општа надлежност ,,Драчево,, во 2019 година;

2.Предлог-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Кисела Вода во 2020 година;

3.Извештај за остварените финансиски резултати од работењето на ЈП Кисела Вода КВ период 01.01.2019–31.12.2019 година (Завршна сметка 2019 година);

4.Предлог-Одлука за ослободување на инвеститор од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на базен на ниво на терен за индивидуална употреба во ОУ „Невена Георгиева Дуња“ на ул.Михаил Чаков бр. бб, на КП 1109, КО Кисела Вода 1, Општина Кисела Вода;

5.Усвојување на Годишен извештај на општина Кисела Вода за 2019  година, со:

-Завршна сметка на Буџетот на општина Кисела Вода за 2019 година;

-Извештај за побарувањата и за обврските на Општина Кисела Вода, содржани во Завршната  сметка на општина Кисела Вода за 2019 година;

-Извештај за реализација на блок дотации на општина Кисела Вода во 2019 година;

-Извештај од одговорниот сметководител  за точноста и веродостојноста на годишната сметка на општина Кисела Вода за 2019 година;

6.Годишен извештај за користење на средства од резервите на општина Кисела Вода во 2019 година;

7.Извештај за извршениот попис на средствата и нивните извори со состојба на 31.12.2019 година;

8.Предлог-Буџетски календар на Oпштина Кисела Вода за 2020 година;

9.Советнички прашања;

Седницата ќе се одржи во Голема сала за седници – барака 7 – Општина Кисела Вода

Споделете:

Scroll to Top