Денеска е Меѓународен ден на трудот.
На 1 мај, во 1886 година со прекин на работниот процес, голем протест со барање за осумчасовен работен ден во Чикаго одржаа американските работници. На овие демонстрации имаше жртви и повредени демонстранти и полицајци.
Заради овој настан, како потсетник за страдањето и борбата на работничката класа за унапредување на своите права, почнувајќи од 1890 година па се досега Меѓународниот ден на трудот, ширум светот се одбележува со одржување на манифестации и штрајкови со барања за поголеми работнички права.
Денеска на овој празничен ден им благодариме на докторите, медицинските сестри/техничари, полицајците, припадниците на армијата, и на сите останати вклучени во справувањето со вирусот Ковид-19.
Да се чуваат и унапредуваат правата на вработените без разлика на политичката, половата, етничката и верската припадност.
Нека е честит 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот.