Search
Close this search box.

Во населбата Драчево, на улицата „Киро Фетак“ се врши реконструкција на фекалната и атмосферската канализација

Општина Кисела Вода во населбата Драчево, на улицата „Киро Фетак“ врши реконструкција на фекалната и атмосферската канализација.

Фекалната канализација во должина од 395 метри се гради со полиетиленски цевки со профил Ф-250 мм, додека атмосферската во должина од 245 метри се гради со полиетиленски цевки Ф-315 мм. Градежните работи на улицата, според предвиденото ќе се одвиваат до крајот на месецов.  

Во истовреме, Општината во должина од 2986 метри поставува фекална канализација и во селото Усје, во кое досега немаше систем за одведување на отпадни води.

Локалната самоуправа и на двете локации, канализацијата ја поставува со сопствени средства.

Споделете:

Scroll to Top