Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода во должина од 1500 метри врши реконструкција на улицата „Марко Орешковиќ“

Денеска градоначалникот Филип Темелковски во придружба со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и со советникот Зоран Ацевски, изврши увид во градежните работи за реконструкција и рехабилитација на улицата „Марко Орешковиќ“.

По санацијата на оштетената улица, која според предвиденото треба да заврши за 15 дена, граѓаните ќе можат безбедно да стигаат до своите домови, а и да ги посетуваат најстарите цркви во градот, „Св. Ѓорги“ и „Св. Никита“.  

Улицата лоцирана во урбаната заедница Кисела Вода, се реконструира во должина од 1500 метри и ширина од 4,5 метри.

 

 

Споделете:

Scroll to Top