Search
Close this search box.

Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 40-та пленарна седница

Ве известуваме дека четириесеттата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 31 мај 2016 година (вторник) со почеток во 11,00 часот.

-Усвојување на Записникот од 39-та пленарна седница на советот:

1.Квартални извештаи К1,К2 и К3 за првиот квартал од 2016 година – К1-кваратлен извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за  извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2016 година до 31.03.2016 година; -К2-квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;

2.Предлог-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Кисела Вода во 2016 година; со

-Акционен план за спроведување на активностите од Програмата за спроведување на општи мерки за заштита од заразни болести на теиторијата на Општина Кисела Вода за 2016 година;

 3.Предлог-Одлука за донесување на ДУП Градски четврт Ј20, блок 01 Општина Кисела Вода – Скопје, плански период 2015-2020;

4.Советнички прашања

Седницата ќе се одржи во Големата сала во барака 7.

Споделете:

Scroll to Top