Општина Кисела Вода, во соработка со осумте основни училишта на нејзина територија, организира бесплатна обука за основни познавања од информатиката и англискиот јазик за жителите на Општина Кисела Вода, без оглед на нивната возраст.
Рокот за пријавување е до 16.09.2013 година (понеделник) секој работен ден од 08.00 до 14.00 часот:
- ОУ,,Круме Кепески” (улица ”Христо Татарчев’’ број 76, телефон: 2781-323; 2777-500)
- ОУ,,Кирил Пејчиновиќ” (улица ”Пушкинова ” број 17, телефон: 2776-643)
- ОУ,,Кузман Јосифовски – Питу” (улица ”Огњан Прица” број 2, телефон 3120-303; 3165-365)
- ОУ,,Св. Климент Охридски” (улица ”Јустинијан Први” број 98, телефон: 2791-065; 2700-324)
- ЦОУ,,Рајко Жинзифов” – Пинтија (улица ”Саса” бб, телефон: 2728-601)
Кандидатите за пријавување треба да поднесат фотокопија од лична карта и да остават контакт-телефон, како и информација за кој курс се заинтересирани. Информациите треба да ги остават кај секретарите на училиштата.
На крајот на курсот кандидатите ќе полагаат, по што ќе добијат и соодветни сертификати.
За сите дополнителни информации во врска со бесплатните обуки, граѓаните можат да се обратат во училиштата или во Општина Кисела Вода.