Search
Close this search box.

Градоначалникот Беличанец – Алексиќ додели благодарници на реализаторите на проектот за обновување на 100 пешачки премини во Кисела Вода

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, вчера (12.09.2013) оствари работна посета на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, каде им додели благодарници на реализаторите на проектот “100 пешачки премини за подобра безбедност на 10.000 ученици”.

Благодарници за успешна реализација на овој проект добија Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Министерството за внатрешни работи и компаниите Евроинс Осигурување, Адинг и Кединг од Скопје.

Проектот за обновување на 100 пешачки премини пред училиштата и градинките во Општина Кисела Вода финишираше неодмана, а се реализираше со цел  да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а особено пешаците, велосипедисти и мотоциклистите и останатите корисници на пешачките патеки во општината.

Споделете:

Scroll to Top