Децата од градинките од Кисела Вода ќе го развиваат креативниот потенцијал во областа на ликовната и драмската уметност

Општина Кисела Вода е прва од општините во градот Скопје која почна со реализација на проектот за развој и унапредување на свеста за значењето на културата и уметноста со цел развивање на креативниот потенцијал на најмладите и доусовршување на воспитно-образовниот кадар во областа на ликовната и драмската уметност. Проектот е предвиден како дел од “Стратегијата со акциски план за развој на културата на Град Скопје за периодот 2012-2015 година”, а ќе се реализира во Јавните детски градинки “8-ми март” и “Весели Цветови”  со воспитувачите и децата од најголемите групи во сите објекти.

Реализацијата на програмата за развој и унапредување на свеста за значењето на културата и уметноста, со цел развивање на креативниот потенцијал на најмладите и доусовршување на воспитно-образовниот кадар во областа на ликовната и драмската уметност во Општина Кисела Вода ќе се одвива во три фази.

 

Во првата фаза, ангажираната фирма од страна на Општина Кисела Вода изработи програма и план за обука на  воспитувачи од јавните детски градинки.

Втората фаза од проектот, која започна со реализација вчера (18.11.2013), ќе се реализира преку обука на главните воспитувачи од сите клонови на градинките во Општина Кисела Вода, кои потоа ќе ги пренесат стекнатите знаења на останатите воспитувачи од своите градинки за  модерните техники и процесите на создавање на делата од ликовната и драмската уметност.  Реализаторот на проектот и обучените воспитувачи ќе организираат креативни работилници за децата од најголемите групи од градинките, со што би се запознале со практична работа со недоволно застапените техники и материјали во воспитно-образовниот процес (стакло, глина, метал, колаж, фотографија) од применетата ликовна уметност (дизајн на накит, предмети, кукли)  посета на галерии, театри, запознавање со процесите за создавање на сценски дела (проби, изработка на костимографија, сценографија) запознавање со актерите,посета на театарска претстава но и можност да изведуваат, адаптирани за возраста драмски текстови. 

Третата фаза ќе се реализира со мониторинг, поддршка и евалуација на наученото и создаденото во првите фази од реализацијата на проектот, 
кој има за цел да и помогне на најмладата популација за развивање на чувство за естетика и препознавање на вистинските уметнички вредности.

 

Споделете:

Scroll to Top
kolaybet giriş
betgaranti
bettilt
betgaranti
Kolaybet
bettilt
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Kolaybet
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Hititbet Giriş
betgaranti
hititbet giriş
hititbet giriş
betorder
kolaybet
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
matbet
matbet
matbet
matbet
betnano
betnano
sahabet
norabahis
Tuzla İpek Kirpik
tuzla cilt bakım merkezi
Tuzla Lenf Drenaj
holiganbet
holiganbet
holiganbet
supertotobet
kolaybet
bettilt
bettilt
grandpashabet
grandpashabet
betpark
betgaranti
betgaranti
betpark
holiganbet
hititbet güncel giriş
hititbet mobil giriş