Search
Close this search box.

Децата од градинката “8-ми Март” со активности за заштита на животната средина

Во рамките на проектот ”Интеграција на еколошката едукација во Македонскиот образовен систем” децата од средните и големите групи од градинката “8-ми Март” – објект “Расадник” реализираа активност за подигање на еколошката свест во насока на стекнување на нови навики, заштита на животната средина и еколошката едукација како основни вредности во своето работење.

Притоа, беше реализирана активноста за “Еко-стандард 4 (уреден и еколошки двор)”, а беа поставени и упатства за одржување на дворот.  Целиот настан доби завршница со мини приредба и заеднички игри на  реквизитите во дворот и во  реновираното детско игралиште.  

 

Најмладите во приредбата упатија пораки за грижа кон животната средина и детските игралишта, кои треба да служат како простор за безгрижна детска игра. 

Споделете:

Scroll to Top