Легализирани уште 48 дивоградби неделава во Кисела Вода

Општина Кисела Вода продолжи со практиката за делење на решенија за легализација на неделно ниво. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ денеска додели нови 48 решенија за легализација на бесправно изградени објекти во општината, со што вкупниот број на легализирани објекти се искачи на нешто повеќе од 2.000.

Процесот на легализација во општината Кисела Вода тече со добра динамика, а по воведувањето на неколку технички мерки во процесот на решавање на предметите, веќе се гледаат позитивните ефекти. Имено, во насока на забрзување на темпото со кое се решаваат предметите за легализација во изминатиот период, на инсистирање на градоначалникот кадровски и технички се доекипираше одделението за легализација на дивоградби, се зголеми бројот на комисии кои излегуваат на терен, а се воведе и практика за делење на решенија на неделно ниво.

По воведувањето на оваа пракса, во изминатите неколку месеци, Општина Кисела Вода доделува во просек по околу 40-тина решенија за легализација на неделна основа. Во таа насока, градоначалникот искрено се заблагодари на одделението за легализација за напорите што ги вложуваат во насока на забрзување на овој процес, но ги потсети и граѓаните за нивната улога во процесот на легализација.

-“Мора да потенцирам дека главната улога во овој процес, покрај општината, ја имате токму Вие – граѓаните. И затоа и овој пат ќе си дозволам јавно да ги повикам сите граѓани кои немаат изготвено геодетски елаборат, да го сторат истото во најкраток можен рок, бидејќи со некомплетна документација, односно без елаборат го доведуваат во прашање легализирањето на објектот” – изјави градоначалникот Беличанец – Алексиќ и им порача на присутните граѓани, овие информации да ги пренесат и до нивните соседи и пријатели, бидејќи крајниот рок за доставување на елаборатот е 18-ти јуни 2014 година, што подразбира дека имаат само нешто помалку од девет месеци за да ја докомплетираат документацијата, односно да го достават геодетскиот елаборат. 

Беличанец – Алексиќ се осврна и на мерките на Владата на Република Македонија, за финансиско олеснување на процесот на легализација за социјално ранливите категории, на кои им овозможи да плаќаат половина од цената за геодетските елаборати. 

-“Оваа поволност треба да биде дополнителен стимул за сите корисници на социјална парична помош, корисниците на постојана парична помош, како и самохраните родители на деца со пречки во развојот. Нека ја искористат можноста што им ја дава државата и час поскоро нека ја заокружат процедурата за легализација” – заврши Беличанец – Алексиќ, укажувајќи дека само на тој начин може успешно да се заокружи процесот на легализација на општ интерес за сите.

Споделете:

Scroll to Top
vdcasino
hititbet
grandpashabet
vdcasino giriş
hititbet
grandpashabet
vdcasino
betwoon
betwoon
betasus
imajbet
betpipo
betpark
betpark
betpark
betpark
vdcasino giriş
Vdcasino Giriş
vizebet
piabet
imajbet
avvabet
imajbet
imajbet
vaycasino
Betzula
kralbet
safirbet
bettilt
bettilt
vdcasino
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
kralbet
kralbet
imajbet
imajbet
imajbet
betpark giriş
vdcasino giriş
katlabet
katlabet
norabahis
norabahis
betpark
vdcasino
vdcasino
vdcasino
vdcasino
vdcasino
hititbet
hititbet
vdcasino
vdcasino giriş
betorder giriş
milanobet
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
milanobet
milanobet
meritking
mrking
norabahis
norabahis
betpark
vaycasino
vaycasino
milanobet
milanobet giriş
betorder