Search
Close this search box.

Одличен настап на ДНК и Гораст Цветковски

Во дворот на подрачното училиште “Кузман Јосифовски – Питу” во нас. Црниче, вчеравечер брилијантен концерт одржа Р&Б дуото ДНК. Милениците на помладата публика Андреј и Панчо го промовираа новиот албум “Срце”, а ги изведоа и нивните најголеми хитови “Таа тоа го крие”, “Полна месечина”, “Навлечен на тебе” од претходниот албум “Кажано е се”.

 

За загревање на публиката се погрижи актерот Гораст Цветковски, кој ја насмеа публиката до солзи, со својата стенд ап комедија.

Вчерашниот концерт се одржа во рамките на годинашното културно лето во Кисела Вода. Следната манифестација на овогодинешното културно лето ќе се одржи во петок (05.07.2013) во паркот “Македонија”, каде целовечерен концерт ќе одржи Петар Ренџов и Тумбао Салса Бенд. Концертот ќе се одржи со почеток во 21:00 часот.

Споделете:

Scroll to Top