Општина Кисела Вода го уредува просторот околу манастирот Св. Пророк Еремија во населбата Пинтија. Во изминатите денови интензивно се работи на поплочување со павер елементи на целиот двор на вкупна површина од 510 квадратни метри.
Се поставуваат нови клупи и друга урбана опрема, се уредува просторот на амфитеатарот.
Градежните активности финализираат деновиве, во пресрет на патрониот празник Св. Еремија кој се прославува на 13 и 14 мај и локалното население го одбележува со бројни активности, културни манифестации, и обичаи врзани со чествувањето на овој светец.
Со својата одлична локација, како одредиште кое се користи и за изноѓање на духовен мир и спокој, оваа црква е често посетена од страна на многу граѓани и во останатите денови од годината. Токму затоа, партерното уредување на дворот на овој манастир беше едно големо барање од жителите на кое Општина Кисела Вода излезе во пресрет.