Добрите резултати што ги постигнува основното училиште ,,Круме Кепески“ во рамките на училишниот спорт, од година во година се надградуваат со нови победи на спортските терени. За ваквиот развој на училишниот спорт во ова училиште најголеми заслуги има ,,тандемот“ успешни професори по физичка култура, Зафировски-Милоевиќ. Инаку, денеска избраниците на тренерот Игор Зафировски на квалификациониот турнир во мал фудбал, кој се играше во рамките на градското првенство, во својата група го освоија првото место.
-,,Групата беше израмнета по квалитет, беше неизвесно на секој натпревар, но сепак, со добра игра успеавме да го освоиме првото место кое ни носи разигрување за првите три места во градот Скопје. Со резултат од 4:3, совладан беше вториот наш претставник ,,Рајко Жинзифов“, основците на ,,Љубен Лапе„ од општина Аеродром ги совладавме со 6:3, додека со вториот нивни претставник игравме 5:5 со што ја обезбедивме првата позиција во групата. Следува разигрување за првото место на градско ниво. Морам да ги истакнам Стефан Атанасовски и Блажен Тодоров, со чија игра потврдија дека располагаат со раскошен фудбалски талент, – истакна Игор Зафировски тренерот на ,,Круме Кепески“.