Search
Close this search box.

33 хумани луѓе даруваа крв

Под мотото “Капка крв, спасува живот”, денеска успешно се реализираше крводарителската акција, во организација на општина Кисела Вода и Општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода. 33 хумани луѓе од вкупно 40 пријавени, вклучително и претставници од општинската администрација и месните заедници, на дело го покажаа своето човекољубие и даруваа од оваа драгоцена течност.
Вакви крводарителски акции, општината Кисела Вода во соработка со Општинската организација на Црвениот крст- Кисела Вода организира редовно, на секои три месеци.

Споделете:

Scroll to Top