Search
Close this search box.

Покана до медиуми

Во четврток, (28.11.2013) со почеток во 11:00 часот во големата сала на Општина Кисела Вода ќе се одржи презентација на проектот “Скопје – град без насилство” со особен фокус на спречување на насилството во јавниот превоз и на автобуските постојки. На настанот ќе присуствуваат министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, градоначалникот на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ, амбасадорот на мисијата на ОБСЕ Ралф Брет и директорот на ЈСП – Скопје Мишо Николов.  

Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.

Споделете:

Scroll to Top