Search
Close this search box.

Фрлени 20 тони сол низ улиците во Кисела Вода

Кризниот штаб на Општина Кисела Вода задолжен за расчистување на снегот од улиците и подобрување на условите во сообраќајот во отежнатите зимски услови, благовремено реагираше по обилните врнежи на снег. Имено, мобилните екипи од општината, заедно со екипите од фирмата Анизор ДООЕЛ од Скопје, која општината на тендер ја избра за одржување на локалните улици и патишта во зимски услови, од раните утрински часови преземаа низа акции за расчистување на снегот во сите месни и урбани заедници. Во текот на акцијата беа исчистени поголем дел од сервисните улици, а особено улиците околу амбулантите, училиштата и градинките на нејзината територија.

 

Мобилните екипи, преземаа активности за расчистување на снегот во руралните делови од општината, особено по улиците со поголем наклон на земјиштето, каде има многу поотежнати услови за движење на граѓаните.

Во акцијата, досега беа фрлени 20 тони сол по коловозите низ целата општина, а мобилните екипи перманентно интервенираат на терен и реагираат во зависност од интензитетот на снежните врнежи.

Општина Кисела Вода апелира до сите правни и физички лица да се придржуваат до законската обврска, да ги исчистат приодите до нивните објекти.   

Споделете:

Scroll to Top