Search
Close this search box.

Градоначалникот Беличанец – Алексиќ ги посети урбаните заедници “11-ти Октомври-згради” и “Никола Кљусев”

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ заедно со раководниот тим од општината и претставници од подрачните единици на јавните претпријатија, вчеравечер ги посетија урбаните заедници “11-ти Октомври-згради” и “Никола Кљусев”.

Жителите на овие населби се заблагодарија на градоначалникот за досега сработеното во овие урбани заедници, но и имаа можност да искажат свои идеи, предлози и сугестии за подобрување на работата на локалната самоуправа во делот на сервисирањето на комуналните услуги.

Градоначалникот Беличанец – Алексиќ се заблагодари на жителите за конструктивноста и понудените концепти за подобрување на инфраструктурата во општината, но истовремено, ги најави и идните проекти со кои ќе се подобри комуналната и сообраќајната инфраструктура во овој дел од општината.

Конкретно, градоначалникот најави дека во урбаната заедница “11-ти Октомври-згради” во следниот период ќе се изгради фекална и атмосферска канализација за улицата “Ѓорѓи Сугаре”, а ќе се урбанизира и просторот на ул. “Пушкинова” бр. 4, каде ќе се прошири јавниот паркинг, а граѓаните ја искористија приликата да и се заблагодарат за уредувањето на паркинг просторот до ОУ “Невена Георгиева – Дуња”.

Во населбата “11-ти Октомври – бараки” пак, граѓаните изразија благодарност до градоначалникот за изработените тротоари на улицата “Трајко Иванов” и санирањето на ударните дупки во оваа населба, а побараа во следниот период да се изврши поплочување на тротоарот на улицата “Спиро Гулапчев”, поплочување на неколку сервисни улици во населбата и изградба на дополнителни сливници за атмосферската канализација.

 

Споделете:

Scroll to Top