Search
Close this search box.

Одличен настап на Драмскиот театар на културното лето во Кисела Вода

Културното лето во општината Кисела Вода уште на самиот почеток ги оправда очекувањата. Масовната посетеност на отворањето во петокот, се преслика и на вториот ден од оваа манифестација. Имено, во саботата стотици граѓани на амфитеатарот на Верско-рекреативниот центар “Три круши” во с. Драчево уживаа во претставата “Последните Македонци”, во изведба на Драмскиот театар од Скопје.

 

Веќе во среда (26.06.2013), во паркот “Фредерик Шопен”, целовечерен концерт ќе одржи триото “ОЛЕ” (2 виолини и виолончело), со изведба на познати класични нумери, странски преарботки и македонски евергрини.
Влезот за граѓаните е бесплатен.

Споделете:

Scroll to Top