Search
Close this search box.

35 семејства со новороденчиња предновогодишно добија парична помош

По шести пат денес (24.12.), градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ додели ваучери за еднократна парична помош во висина од шест илјади денари на 35 семејства со принова од општината.

-“Во пресрет на Новогодишните празници продолжуваме со практиката на доделување на ваучери за еднократна парична помош за новороденчиња. Со   денешново јавно доделување, вкупниот број на ваучери кои општината ги додели од почетокот на примената на оваа мерка, односно од  20.06.2013 година, изнесува 252. Тоа значи дека општината ни е побогата за 252 сосетчиња”. – информираше градоначалникот Беличанец – Алексиќ и изрази надеж дека средствата добро ќе им дојдат на семејствата во овие празнични денови.

 

Таа упати јасна порака дека општината Кисела Вода се грижи и понатаму ќе се грижи за своите најмали жители и најави дека овој проект ќе продолжи се до крајот на нејзиниот мандат.

Истовремено, ги повика сите родители кои ги исполнуваат критериумите заедно со барањето да достават лична карта или друг документ за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓањето на детето.

-“Со  мерката која Општина Кисела Вода за прв пат ја применува од оваа година, искрено се надевам дека ќе дадеме скромен поттик и стимул за семејствата сериозно да размислуваат и да се одлучат за зголемување на бројот на дечиња” – порача Беличанец – Алексиќ и ги потсети родителите дека средствата се префрлаат на трансакционата сметка, веднаш откако родителите ќе ги подигнат ваучерите од општината.

-“Да Ви се живи и здрави, големи да раснат. Ви посакувам да се гордеете со нив, а покрај Вас и ние како општина” – заврши градоначалникот Беличанец – Алексиќ, посакувајќи им на татковците гордо да ги шетаат бебињата во колички низ општината, а на мајките мирно доење и ноќи со што помалку грчеви.

Споделете:

Scroll to Top