Наместо депонија, современ парк од 7500m2 во Оксиген, с. Драчево

Нов рекреативен парк со самонаводнување никнува на местото од дивата депонија во селото Драчево. Во месноста Оскиген, на површина од 7500m2, Општина Кисела Вода гради рекреативен центар каде во своето слободно време ќе можат да уживаат граѓани од сите возрасти.

 

Покрај голема површина на зеленило кое ќе се одржува преку систем за самонаводнување, просторот ќе нуди и детски катчиња, сквер, патеки, летниковци како и фитнес справи.

Љубителите на фудбалот и баскетот пак, ќе имаат прилика да спортуваат на комплетно нови целосно освтлени игралишта. Градежните работи се во полн ек и наскоро, ова ќе биде новото собиралиште за одмор и рекреација на сите жители од овој дел на градот.

 -По повеќе од три децении празни ветувања, дивата депонија во местото викано Оксиген ја претвораме во огромен рекреативен парк со самонаводнување од 7500m2!

Во селото Драчево, огромната површина во Оксиген во изминативе триесеттина години служеше како депонија која во еколошка и естетска смисла го нарушуваше животот  и здравјето на моите сограѓани. Тоа не би било така доколку властите во изминатите неколку децении го сределе ова место. Напротив, беше уште едно лажно ветување дека оваа депонија ќе прерасне во парк, особено пред секои избори.

На тоа решивме да му ставиме крај и конечно ова место да стане современ рекреативен центар каде во своето слободно време ќе можат да уживаат сите возрасти.

Рекреативниот парк ќе се простира на површина од 7500m2 и ќе нуди детски катчиња, сквер, патеки, летниковци како и фитнес справи.

Љубителите на фудбалот и баскетот пак, ќе имаат прилика да спортуваат на комплетно новите игралишта, но и да уживаат во фудбалските натпревари од трибини во денот, но и навечер бидејќи целиот парк ќе биде осветлен.

Паркот секако, ќе има има и голема површина на зеленило за сето ова убаво да изгледа и зеленило кое ќе содржи систем за самонаводнување преку атмосферски бунар.

Местото веќе почнува да го добива својот лик, работите се одвиваат со полна пареа за овие мои сограѓани да го имаат тоа што го заслужуваат.

Убеден сум дека ова ќе биде ново место на кое сите ќе се собираме, ќе се дружиме и ќе остане да сведочи за новата иднина која ја испишуваме за нашата Кисела Вода.

Продолжуваме да креираме иднина, преку дела кои мојот народ ги препознава, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски при денешниот увид во градежните активности.

Споделете:

Scroll to Top
betpark giriş
grandpashabet
grandpashabet
grandpashabet
grandpashabet
betpark
imajbet
grandpashabet
grandpashabet
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
imajbet
grandpashabet
grandpashabet
grandpashabet
holiganbet
grandpashabet
grandpashabet
grandpashabet giriş
norabahis
norabahis
imajbet
bettilt
bettilt
grandpashabet
grandpashabet
imajbet
imajbet
imajbet
grandpashabet
grandpashabet
grandpashabet
grandpashabet
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
grandpashabet
grandpashabet
betsilin
betsilin
norabahis
norabahis
savoycasino
savoycasino
savoycasino
savoycasino
betsilin
betsilin
betsilin
betsilin
norabahis
norabahis
holiganbet
safirbet
betpark
betpark
betnano
betnano
bettilt
imajbet
imajbet
betpark
betpark
savoycasino
betpark
betpark
betine
betine
betgaranti
norabahis
betgaranti giriş
betpark
grandpashabet
grandpashabet
grandpashabet
grandpashabet
bettilt
bettilt
vaycasino
vaycasino
vaycasino
imajbet
casibom
casibom
casibom giriş
casibom giriş