Search
Close this search box.

Основци од Кисела Вода учествуваа на “Денови на Електротехниката”

Успешната соработка со основните и средните училишта на територија на Град Скопје, продолжува преку реализација на повеќе заеднички проекти,  посветени на младите вљубеници во природните науки. 

 Втора година се реализира заедничкиот проект – Денови на Електротехниката во  организација на средното електротехничко училиште на Град Скопје ,,Михајло  Пупин,,  во период од 21, 22 и 23 мај, натпревар во знаење меѓу учениците од основните училишта од општините на територија на Град Скопје. 
 Натпреварот се реализира под мото ,,Денови на електрониката” а натпреварувањето меѓу учениците е од областа на наставниот предмет физика за 8 одделение и делот во кој се изучува електротехниката.
 Целта на проектот е придонесување и помагање во подобрување на квалитетот и  квалификациите на учениците и нивна подобра подготвеност за  вклучување во процесот и справувањето со професионалните предизвици.     
Од Општина Кисела Вода   учество земаа   училиштата “Кузман Јосифовски – Питу”, “Партенија Зографски”,  “Невена Георгиева – Дуња”,  “Кирил Пејчиновиќ”, “Круме Кепески”, “Рајко Жинзифов”  и  “Кузман Шапкарев” со тим од три ученика и наставник ментор.
 Од особена важност за реализација на проектот  е подршката од градоначалниците од општините на Град Скопје, кои во координација со  средното електротехничко училиште на Град Скопје “Михајло Пупин”  одделението за образование  во општините и менторите од основните училишта придонесуваат за успешно реализирање на манифестацијата.

Споделете:

Scroll to Top