Search
Close this search box.

Училиштата од Кисела Вода ја продолжуваат соработката со ПАКОМАК и Шпаркассе Банка

Општина Кисела Вода  во соработка со сите основни училишта и оваа учебна 2013/2014 година  ќе продолжи со големата еколошка акција за почиста околина и за подобрување на хигиенските услови во училиштата, која ја организира  компанијата Пакомак, заедно со радио Бубамара, a со поддршка од Шпаркассе Банка. 

Во големата сала во Општина Кисела Вода вчера (13.11.2013) беше одржана трибина со одговорните наставници, директорите на сите основни училишта, одговорните за образование од Општина Кисела Вода и претставници од компанијата Пакомак, на која се презентираа постигнатите резултати за учебната 2012/2013 година и се предложија нови активности за учебната 2013/2014 година, со цел проектот да биде поуспешен за почиста околина и за подобрување на хигиенските услови во училиштата.

Минатата година најдобрите училишта  како награда добија разновидни спортски реквизити   и  надгледни средства за учениците.  А како најуспешно училиште за учебната 2012/2013 година беше  избрано основното училиште “Круме Кепески” и подрачното училиште “Рајко Жинзифов”.

Со благодарници за соработка беа пофалени трите најуспешни училишта за учебната 2012/2013 година, училиштата “Рајко Жинзифов”, “Кузман Шапкарев” и “Круме Кепески”.

“-Минатата учебна 2012/2013 година имавме одлична партиципација од страна на учениците, наставниците и родителите што резултираше во една успешна акција и се надеваме дека оваа година ќе ни биде поуспешна” – изјави Елизабета Јаневска од Општина Кисела Вода.

Активности на Пакомак и бенефити за општината и училиштата 2012/2013

 

• Во период 2012/2013 собрани се 7451 кг. пластичен отпад

или 276 контејнери.

• Доделени две главни награди на:

• ОУ Крупе Кепески

• ОУ Рајко Жинзифов – подрачно

• Во повеќе наврати доделени награди: спортски реквизити,

наставни помагала.

• Донирани се рози на училиштата.

• Дониран е течен сапун во износ од 1330 литри.

• Наместени 260 апарати за течен сапун.

 

Споделете:

Scroll to Top