Search
Close this search box.

Завршени новите пешачки скалила во Црниче

Завршени се новите пешачки скалила во населбата Црниче. На местото од старите дотраени,  од улицата „Чедомир Кантарџиев“ до улицата „Наум Охридски“ во должина од 110 метри се простираат нови проширени поплочени скалила , со потпорен ѕид,  обложен со кршени павер елементи. Исти вакви скалила, но во должина од 85 метри се протегаат и  меѓу улиците „Партение Зографски“ и „Павел Шатев“.

На овие две локации  се поставени и нова ограда, модерни канделабри и корпи за отпадоци. За пешаците е поставено и одморалиште, со клупи и осветлување. Градежните работи ги изведе  фирмата “Дадас”, а финансиските средства во висина од 3.3 милиони денари  целосно ги обезбеди  општина Кисела Вода. Со цел да им се излезе во пресрет на барањата на жителите на оваа територија, во текот на мандатот на градоначалникот Билјана Беличанец Алексиќ, ќе се реновирааат сите скали на потегот Цриче-Пржино.

Воедно, локалната самоуправа ги поттикнува граѓаните да дојдат во просториите на општината и да ги изнесат своите идеи, барања и желби, како  заеднички би се оствариле подобри услови за живеење. За таа цел, два пати во неделата, секој понеделник и четврток, градоначалникот на општината, Билјана Беличанец-Алексиќ, остварува средби со граѓаните.

 

 

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top