Search
Close this search box.

Се поплочуваат сервисни улици во Припор

Општина Кисела Вода продолжува со интензивните градежни активности за подобрување на локалната патна и комунална инфраструктура на нејзината територија. Имено, деновиве екипи на фирмата “Пелагонија А.Д. Гостивар”, по налог на општината започнаа со изработка на коловоз, односно поплочување со павер елементи и висинско подигање на шахти со павер елементи на неколку сервисни улици на подрачјето на населбата Припор.

Се реконструираат улицата “Христо Татарчев 14/31” во должина од 30 метри, ул. “Христо Татарчев 14/33” во должина од 50 метри, ул. “Христо Татарчев 14/36А” во должина од 150 метри,  и улицата “Христо Татарчев” 14/146 во должина од околу 70 метри.

Вакви градежни активности за поплочување на сервисни улици во изминатиот период финишираа и на два краци на улицата “Речиште” во селото Драчево, а општината Кисела Вода во моментов поставува и нови тротоари во должина од околу 80 метри, на улицата “474” во населбата Бирарија, која неодамна целосно се реконструираше.

Споделете:

Scroll to Top