Амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Волерс, денес, 31.05.2013 година, ја посети Општина Кисела Вода и одржа работна средба со градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ.
На средбата се разговараше за приоритетните активности и проекти кои ги презема Општина Кисела Вода за подобрување на животот на граѓаните, а беа презентирани и можностите за инвестирање, поточно потенцијалите, ресурсите и капацитетите со кои располага општината.
Амбасадорот Волерс се интересираше за предизвиците со кои се соочува општината во насока на подобрување на услугите кон граѓаните, со работата на Советот на општината и процесот на децентрализација. Тој порача дека американската амбасада во Скопје е силен поддржувач на локалната самоуправа во Република Македонија, а доказ за тоа се и големиот број проекти кои општините ги реализираат во соработка со УСАИД во делот на подобрување на воспитно-образовниот процес во основните училишта.
Средбата помина во одлична атмосфера, а претставниците од американската амбасада најавија продолжување на досегашната успешна соработка и можности за реализирање на нови заеднички проекти.