Search
Close this search box.

Приемен ден на градоначалникот Билјана Беличанец Алексиќ

Во рамки на редовниот термин, денес, градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, оствари средби со граѓаните.Преку директен раговор со жителите на општината беше зборувано за проблемите со кои се соочуваат во своето секојдневие, потребите кои ги имаат, но и различните идеи, предлози и сугестии од кои би можеле да произлезат идните приоритети на локалната самоуправа.

Во разговорот со граѓаните, градоначалникот  Беличанец-Алексиќ ја искажа својата подготвеност да им се излезе во пресрет на сите добри идеи, секако, согласно реалните можности на општината со кои би се подобрил квалитетот на живеењето на граѓаните и би се обезбедил локален економски развој. За сите оние проблеми за кои денес беше информирана, а  чие решавање директно зависи од локалната самоуправа и се  новонаметнати или веќе дел од утврдените потреби и стратешки цели на општината, беше дадено ветување за брза реакција и нивно решавање.

Со цел преку непосреден контакт со жителите на општината, час поскоро да се излезе во пресрет на сите реални потреби и барања што тие ги имаат, ваквите приемни денови ќе продолжат и понатаму. Истите, се закажуваат на телефон 02/2785-400, по што граѓаните телефонски се контактираат за датумот и времето на средбата.

 

Споделете:

Scroll to Top