Се вади бекатонот од улиците “Мишко Михајловски”, “Марко Цепенков” и улицата “345”, се отстрануваат старите рабници на тротоарите, се сече делот од асфалтот покрај нив. Веќе втора седмица интензивно течат активностите на градежната фирма Бетон, согласно проектот за рехабилитација и подобрување на локални патишта, за кој на општина Кисела Вода и’ беа одобрени средства од страна на Владата на РМ, преку ЈП за државни патишта.
Едновремено, се врши и поставување на електрична и кабелска инсталација од страна на кабелските оператори и службите на ЕВН. По затворањето на ископите, ќе се пристапи кон втората фаза на проектот, кој опфаќа поставување на нови рабници, бекатон плочи и отпочнувањето на гребење на постоечкиот асфалт, во должина од 400 метри.
Се работи за проект вреден 5 275 000 денари. Согласно предвидената динамика, се очекува тој да заврши до крајот на месец август.
Паралелно, на иницијатива на општина Кисела Вода, на овие три улици ќе се врши реконструкција и на уличното осветлување. Дрвените бандери ќе заменуваат со метални столбови и ќе се зголемува нивниот број, а претходно веќе беше извршена замена на постојните светилки со штедливи.
Сите овие активности треба да ги подобрат условите за живот на околу 3000 жители на општината од овој дел на градот.